Направте слики кои личат на вистински кактуси

Ако имате сериозна пасија кон овие растенијата, подгответе се да се заљубите во прекрасните отпечатоци на кактуси од уметникот Лили Арнолд.

Благодарение на технологијата на печатење наречена блок печатење (наликува на печат), Арнолд создава прекрасни отпечатоци на кактуси, сукуленти и цвеќиња.

“Мојата инспирација за секое парче доаѓа од изложеност на нешто убаво во природниот свет”, вели Арнолд. “Во изминатите неколку години, јас бев заинтригирана од кактусите и сите сложени текстури и бои што доаѓаат со нив”.


За секое печатење, Арнолд има многу специфичен сет на алатки и чекори низ кои поминува, со цел да го направат секое парче сјајно.Таа започнува со резба на блок. Откако парчињата се одделени и се подготвени за печатење, таа ги меша боите и го бои  издлабениот блок. Откако ќе се обојат сите делови од блокот, внимателно ги составува парчињата на шаблонот, кој е со иста големина како и нејзината хартија за печатење, а потоа ја лепи хартијата на блокот.

Едноставно!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

покажи